УПРАВУВАЊЕ СО ГОТОВИНСКИТЕ ТЕКОВИ НА КОМПАНИЈАТА
Keywords:
готовина, тек, управување, модели.Abstract
Управувањето со паричните текови е традиционална улога на финансискиот менаџмент на компанијата. Тоа е процес на менаџирање на паричните приливи и одливи на компанијата, како и интерните трансфери на средства во рамки на група. Со развојот на информациските системи, оваа функција е најчесто автоматизирана. Како резултат на ова, финансискиот менаџмент на компанијата го дизајнира или избира моделот на управување со готовината, а потоа само врши надзор над секојдневните операции. Сепак, треба внимателно да се разгледа основниот механизам на функцијата на управување со готовинските текови, за да се разбере релевантноста и влијанието на различните опции. Овој труд ги објаснува основните концепти за управување со готовинскиот тек, како и главните алатки кои ги користи. Овие фактори се заеднички за малите и за мултинационалните компании.