АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА УЧИЛИШТАТА ВО РСМ
Keywords:
финансиски извештаи, транспарентност, финансиска анализа, финансиско управување, образовни институцииAbstract
Во јавните установи, како што се училиштата, финансиите се главно буџетски и нивното трошење подлежи на контрола и надзор од финансиски институции, локална самоуправа, управен одбор итн. Работата на менаџментот во финансискиот дел е да планира, обезбеди и правилно да го насочи трошењето на средствата и за истите да даде отчет пред надлежните во вид на финасиски извештаи, завршна сметка итн. За сето тоа е потребно менаџментот на училиштата да биде стручен, креативен, да умее да истражува и постојано да учи. Колку поуредно се работи во финасискиот дел, толку развојот на училиштето ќе биде поголем, тоа ќе биде поконкурентно и ќе може да ги следи современите текови во образовниот процес. Овој труд ја истражува улогата на финансиските извештаи во управувањето со училиштата во Република Северна Македонија. Анализирани се клучните аспекти на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на финансиското работење, со осврт на законската регулатива и праксата во образовните институции. Истражувањето се базира на анкети со менаџери, сметководители и
наставници од различни училишта, при што се идентификувани предизвиците и можностите за подобрување. Добиените резултати покажуваат дека иако финансиското работење во училиштата е главно стабилно, потребна е поголема едукација и вклученост на сите засегнати страни. Предложени се насоки за подобрување на транспарентноста и оптималното управување со финансиските ресурси.