АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА УЧИЛИШТАТА ВО РСМ

  • Blagica Koleva
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Mila Mitreva
Keywords: финансиски извештаи, транспарентност, финансиска анализа, финансиско управување, образовни институции

Abstract

Во јавните установи, како што се училиштата, финансиите се главно буџетски и нивното трошење подлежи на контрола и надзор од финансиски институции, локална самоуправа, управен одбор итн. Работата на менаџментот во финансискиот дел е да планира, обезбеди и правилно да го насочи трошењето на средствата и за истите да даде отчет пред надлежните во вид на финасиски извештаи, завршна сметка итн. За сето тоа е потребно менаџментот на училиштата да биде стручен, креативен, да умее да истражува и постојано да учи. Колку поуредно се работи во финасискиот дел, толку развојот на училиштето ќе биде поголем, тоа ќе биде поконкурентно и ќе може да ги следи современите текови во образовниот процес. Овој труд ја истражува улогата на финансиските извештаи во управувањето со училиштата во Република Северна Македонија. Анализирани се клучните аспекти на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на финансиското работење, со осврт на законската регулатива и праксата во образовните институции. Истражувањето се базира на анкети со менаџери, сметководители и
наставници од различни училишта, при што се идентификувани предизвиците и можностите за подобрување. Добиените резултати покажуваат дека иако финансиското работење во училиштата е главно стабилно, потребна е поголема едукација и вклученост на сите засегнати страни. Предложени се насоки за подобрување на транспарентноста и оптималното управување со финансиските ресурси.

Downloads

Download data is not yet available.

References

[1] Gibson, C. H. (2001). Financial reporting and analysis: Using financial accounting information (11th ed.). Pearson Education.
[2] Robert, D. B. (2006). Financial statement analysis and business valuation for the practical lawyer. American Bar Association.
[3] Joshua, G. (2004). Financial statement analysis: How to use financial information to make informed business decisions. Financial Times.
[4] Ѓоргиева-Трајковска, О., & Колева, Б. (2013). Анализа на финансиски извештаи. Универзитет „Гоце Делчев“.
[5] Здравкоски, З., & Здравкоски, И. (2004). Сметководство – учење и практика. Економски факултет, Прилеп.
[6] Gilman, S. (2007). Analyzing financial statements. Read Books.
[7] Horngren, C. T., Sundem, G. L., & Elliott, J. A. (2002). Introduction to financial accounting (8th ed.). Prentice Hall.
[8] Kieso, D. E., Weygandt, J. J., & Warfield, T. D. (2013). Intermediate accounting (14th ed.). Wiley.
[9] Schipper, K., & Vincent, L. (2003). Earnings quality. Accounting Horizons, 17(1), 1-18.
[10] Wallace, R. S. O. (1997). The economic analysis of financial accounting: A European perspective. Routledge.
Published
2024-12-23
How to Cite
Koleva, B., Gjorgieva-Trajkovska, O., & Mitreva, M. (2024). АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА УЧИЛИШТАТА ВО РСМ. Yearbook - Faculty of Economics, 26(1), 17-26. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7051
Section
Accounting and Auditing

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 > >>