КОНЕЧЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ

  • Aleksandra Janceva
  • Katerina Bojkovska

Abstract

Од појавувањето па сѐ до денес, со ревизијата на финансиските извештаи на деловните субјекти извршена од страна на независен надворешен равизор, се подига кредибилитетот и довербата за вистинитоста и точноста на информациите презентирани во финансиските извештаи. Бенефитот од ревизијата е што обезбедува уверување дека менаџментот на компанијата има обезбедено ‘вистински и објективен’ пристап при утврдувањето на финансиските резултати и состојби на деловниот субјект чии финансиски извештаи се предмет на ревизија – ентитет на ревизија. Ревизијата овозможува градење на доверба меѓу оние кои управуваат со деловниот субјект и оние кои го поседуваат - акционерите. Ревизијата, подразбира примена на ревизорски постапки и техники кои ревизорот ги користи за да обезбеди достатен и соодветен ревизорски доказ кој ќе биде основа за оформување на ревизорско мислење дали финансиските извештаи содржат или не содржат материјално значајни пропусти и грешки. Во таа насока е и примената на концептот на материјалност за да се утврди нивото на материјалност на информациите кои влијаат врз одлуките на стеикхолдерите.

Published
2020-01-28