ЕФЕКТОТ ОД ИНДИВИДУАЛНИОТ ИЗБОР ВО ПРОЦЕСОТ НА ФИСКАЛНО ОДЛУЧУВАЊЕ

  • Stevan Gaber
  • Ilija Gruevski

Abstract

Поведението на индивидуата во процесот на одлучување во Теоријата на јавен избор се смета за едно од фундаменталните економски прашања. Суштината при анализата на таквото однесување е носењето на издржани и корисни колективни одлуки, кои треба да донесат позитивни исходи за сите гласачи. Во трудот е направен осврт на феноменот слободен јавач, кој е директна последица на таквото поведение на поединците при одлучување за финансирање на некој потрошувачки проект што е ефектуирано со неприфаќање на даночната обврска за конкретниот проект. Останатите аспекти во трудот се фокусираат на поведението на одредена индивидуа во ситуација на гласање за некој конкретен проект при примена на различни правила, како што се правилото на едногласност, мнозинското правило и сл.

Клучни зборови: Слободен јавач, индивидуален избор, јавен избор, фискални институции, фискални одлуки, јавни добра и услуги.

Published
Feb 21, 2020
How to Cite
GABER, Stevan; GRUEVSKI, Ilija. ЕФЕКТОТ ОД ИНДИВИДУАЛНИОТ ИЗБОР ВО ПРОЦЕСОТ НА ФИСКАЛНО ОДЛУЧУВАЊЕ. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 19, n. 3, p. 141-150, feb. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3505>. Date accessed: 30 mar. 2020.