Ликвидација на отворени инвестициски фондови
Abstract
Ликвидацијата на отворените инвестициски фондови се одвива во постапка, која е различна во зависност од причините поради кои настанува ликвидирањето на отворените фондови. Оттука, и иницијативата на авторот за изработка на еден ваков краток труд каде што акцент ќе се стави исклучиво на ликвидирањето на отворените инвестициски фондови и друштвата за управување на отворените инвестициски фондови. Со цел полесно согледување на причините за ликвидирање на отворените фондови, во апстрактна смисла се издвоено прикажани причини за ликвидирање на фондовите и причините за ликвидирање на друштвата за управување со отворени инвестициски фондови. Терминацијата, односно ликвидацијата на друштвата претставува сложена постапка која настанува со или спротивно на „волјата на друштвото“. Затоа и ликвидацијата на отворените инвестициски фондови иницира отворање дилеми поврзани со оваа проблематика, оставајќи простор за понатамошна анализа.References
Недков, М., Беличанец, Т. : Право на друштвата, Книга 2, Проект за деловното опкружување на УСАИД, Скопје, 2008.
Недков, М., Беличанец, Т., Градишки- Лазаревска, Е.: Право на друштвата, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје, 2009.
Закон за инвестициски фондови, број 12 од 28.1.2009 година, Службен весник на Република Македонија.
Закон за изменување на законот за инвестициски фондови, број 67 од 14.5.2010 година, „Службен весник на Република Македонија“.
Закон за инвестициони фондови, „Службен весник на Република Македонија“, бр.9 од 10.2.2000 година.
Закон за стечај, „Службен весник на Република Македонија“, бр. 34/06, 126/06 и 84/06.
Закон за трговски друштва, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 28
од 30.04.2004 год, 84/05, 25/07, Одлука на Уставен суд. 17/08, 87/08, Одлука на Уставен суд 23/09, 42/10, 48/10.
Правилник за утврдување на постапката, трошоците и роковите за ликвидација на отворените инвестициски фондови, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија, Скопје, 22.12.2009 година.