ОПШТИ ОСОБЕНОСТИ НА МАКЕДОНСКИОТ И НА ФРАНЦУСКИОТ СТРУЧЕН ЈАЗИК НА ПРАВОТО

  • Светлана Јакимовска

Abstract

Предмет на анализа на овој труд се општите карактеристики
на македонскиот и францускиот стручен јазик на правото. Трудот има
за цела да ги дефинира поимите општ, заеднички и стручен јазик за
да може потоа да се анализираат општите карактеристики на стручните
јазици. По приказот на основните особености на стручните јазици,
започнува анализата на особеностите на стручниот јазик на правото.
Притоа, уште веднаш се поставува ограда околу општите карактеристики
на јазикот на правото, бидејќи постојат повеќе видови правни текстови,
па секој од нив разликува нему својствени црти. Анализата се осврнува
на формалните особености на правните текстови како што се кратенките,
потоа на одредени терминолошки аспекти, на синтаксата и воопшто на
текстуалната структура на правните текстови и стилот.
Клучни зборови: стручен јазик, правен јазик, француски јазик,
македонски јазик

Published
2019-04-27