МОЖНОСТИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ВО ПООДДЕЛНИ ПЛАНСКИ РЕГИОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Јулијана Саздова
  • Андреа Златковска

Abstract

Туризмот е значаен извор на приходи во
македонската економија. Оваа гранка од
економијата придонесува со влез на „цврста“
валута во националната економија, но исто така
учествува во намалување на процентот на
невработеност, со оглед на тоа дека поддржува
создавање на голем број работни места, особено
во секторот на услуги. Директното учество на
туризмот во создавањето на БДП за 2014 година
изнесувало 7,3 млј МКД (1,4 % од вкупниот БДП),
додека индиректното учество бележи вредност
од 27,4 млј МКД (5,2 % од БДП). Истовремено,
туризмот и угостителството ангажираат работна
сила во обем од 9.000 вработени (1,3 % од
работните места). За жал, главната туристичка
сезона трае само 2-3 месеци (во летните месеци),
а како главни туристички дестинации се бележат
Охрид и Скопје. Овој труд има за цел да ги
претстави другите начини за продолжување на
туристичката сезона, а со тоа и да се зголеми
бројот на работни места во државата, како и да
се подобри девизниот прилив по основ на
остварени ноќевања и вонпансионска услуга.

Published
2017-01-30