Archives

  • 6th International Scientific Conference "Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century" - (ISCTBL)
    Vol. 6 No. 1 (2023)

    Факултетот за туризам и бизнис логистика ја одржа 6тата по ред Меѓународна научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век” во Порта Македонија - Скопје.
    Конференцијата ја отвори проректорката за наука на УГД, проф. д-р Зденка Стојановска, која во своето обраќање ја потенцираше значајноста на организирањето ваква конференција и вклученоста на професори од над 15 земји од странство. Деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, ја најави панел-дискусијата а тема Глобалната динамика и можностите за поттикнување на економскиот раст: преглед на состојбите во бизнисот, туризмот и културата, со што се овозможува препознавање на проблемите, предизвиците, нудење решенија и препораки за истите.

    "Оваа конференција коjашто има програмски комитет со еминентни професори од над 15 земји од странство сѐ повеќе го зајакнува интересот на публиката, бизнис заедницата, академската заедница. Ова се должи на водењето отворена комуникација со сите стожери. Токму таквиот начин ни дава сигнал за тоа кои се потребите на пазарот, а согласно со тие потреби ние креираме настани, програми и конференции кои имаат мултидисциплинарен карактер. Факултетот за туризам и бизнис логистика преку ваквите конференции успешно го поврзува и усогласува високото образование со современите барања на економијата и општеството, држејќи чекор со сите важни достигнувања. Детектирајќи ги состојбите успеваме да се движиме на вистинската траекторија во овој динамичен свет.
    Традиционално секоја година во рамките на Конференцијата вклучуваме панел-дискусија на тема која е од интерес за сите нас, во насока на креирање успешни препораки за подобро општество. Како до намалување на несигурноста, ми беше првото прашање кога размислував како да ја именуваме панел=темата... Ова прашање, всушност, упатува на креирање ефективни политики во насока на обезбедување економска обнова, пред сѐ. Да се гради позелена, порамноправна и подигитална економија, додека се продолжува со олеснувањето на трансформативната реалокација“, изјави деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков на свеченото отворање на конференцијата.
    Гости-панелисти кои зборуваа на оваа тема беа: проф. д-р Глигор Бишев - Стопанска комора на РС Македонија, д-р Огнен Фирфов – директор за интерна ревизија и управување со ризици, Македонски телеком, д-р Сања Николиќ-Блажевска - менаџер за регрутација и брендирање на работодавачот, Горан Ташков - генерален менаџер на „Паркленд гроуп“ - Скопје, д-р Небојша Вуковиќ – директор на СУГС „Лазар Танев” - Скопје, Билјана Санев - директор на Сектор за човечки ресурси.

  • CHALLENGES OF TOURISM AND BUSINESS LOGISTICS IN THE 21ST CENTURY »ISCTBL 2021«
    Vol. 4 No. 1 (2021)

    Четврта Меѓународна Научна Конференција
    ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И БИЗНИС ЛОГИСТИКАТА ВО 21 ВЕК »ISCTBL 2021«

    ПРЕДГОВОР

    Факултетот за туризам и деловна логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, беше организатор на Четвртата меѓународна научна конференција „Предизвици на туризмот и бизнис логистиката во 21 век“. Конференцијата се одржа на 19 ноември 2021 година на платформата Microsoft Teams, со повеќе од 120 учесници од матичната земја и странство. Оваа година Меѓународниот научен комитет брои еминентни професори од нашата земја и над 15 странски земји како Израел, Шпанија, Франција, Молдавија, Италија, Грција, Египет, Полска, Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

    Целта на оваа конференција е да промовира поголемо разбирање на бизнис администрација, логистиката, туризмот и угостителство во однос на управувањето, економијата, образованието и претприемништвото. Ова подразбира дека фокусот на учесниците го насочивме кон најновите трендови и предизвици во врска со развојот на туризмот, менаџирањето со компаниите, пазарот на труд, можностите за придобивки и профит, изгледите за подобра конкуренстност на меѓународниот пазар, што пак е императив за финансиската стабилност на нашата земја во целина.

    Имено, со пристигнатите трудови и авторските истражувања се оствари целта на Конференцијата - а тоа е оценувањето на тековната состојба и идните изгледи за развој на микро план што се однесува на домашниот пазар, како и движењата на глобалната економија, подготвувајќи ја бизнис заедницата за предизвиците со кои ќе се соочуваат при остварувањето на нивните цели, што де факто влијае врз одржувањето на финансиите особено во времето кое го живееме под притисокот на пандемијата.

    Препораките кои се пренесоа се однесуваат како да се зајакнува капацитетот на компаниите како и промените во регулативите кои го диктираат нашиот пат кон ЕУ. Дискусиите во текот на Конференцијата беа одговор на тоа како реагираа и се позиционираа менаџерите на финансиски средства во услови на голем пазарен ризик, пазарни шокови и турбуленции и како треба да се подготвуваат инвеститорите во поедини сектори. Трудовите прикажаа изгледи и кон идната интеграција на земјите од Западен Балкан, со осврт на досегашните постигнувања и идните предизвици пред овие економии како и размена на искуства на сите учесници кои сме денес присутни од повеќе земји.

    Токму овие препораки треба да бидат двигател на процесите на реформата во насока на подигање на квалитетот на образованието заради поголема продуктивност на трудот, конкурентност на економијата и намалување на неусогласеноста на понудата на вештини и компетенции како и побарувачката на пазарот на труд.

    Постигнувањето на овие цели е заедничка задача на сите оние што се во позиција да го дадат својот придонес за имплементација на реформите во општеството. Токму тие реформи, тие промени во начинот на пристап, методологија на работа и организација, не треба да ги правиме само за да станеме дел од економскиот блок, туку да бидат насочени кон постигнување нешто многу позначајно, односно сите напори што ги правиме да бидат за остварување повисок степен на благосостојбата на нашите граѓани, за создавање на достоинствени услови за живот и работа.

    Во регионот, меѓутоа и пошироко, во Европа, искуствата се најразлични. Наидуваме на успешни, и на не толку успешни модели. Токму ваквите научните конференции, дебатите што се развиваат тука, се најдобриот начин за размена на искуства, за идентификација на предизвиците и перспективите, за споредување на моделите и третирањето на нивните недостатоци или предности, меѓутоа и презентирање на можните нови комбинирани модели. Едукацијата на новите генерации кои ќе бидат подготвени да се соочат со предизвиците што ги носи глобализацијата, е заеднички предизвик на Универзитетите, на бизнис заедницата, но и на централната и локалната власт.  

     

              Штип,                                                                              Главен уредник
    19 Ноември 2021                                                        Проф. д-р Татјана Бошков, Декан

     

  • CHALLENGES OF TOURISM AND BUSINESS LOGISTICS IN THE 21ST CENTURY »ISCTBL 2020«
    Vol. 3 No. 1 (2020)

    Трета Меѓународна Научна Конференција
    ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И БИЗНИС ЛОГИСТИКАТА ВО 21 ВЕК »ISCTBL 2020«

    ПРЕДГОВОР
    Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, беше организатор на Третата меѓународна научна конференција „Предизвици на туризмот и бизнис логистика во 21 век“. Конференцијата се одржа на 13 ноември 2020 година на платформата Microsoft Teams, со повеќе од 90 учесници од матичната земја и странство. Оваа година Меѓународниот научен комитет брои еминентни професори од нашата земја и над 15 странски земји како Израел, Шпанија, Франција, Молдавија, Италија, Грција, Египет, Полска, Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
    Целта на оваа конференција е да промовира поголемо разбирање на бизнис администрација,  логистиката, туризмот и угостителство во однос на управувањето, економијата, образованието и претприемништвото. Ова подразбира дека фокусот на учесниците го насочивме кон најновите трендови и предизвици во врска со развојот на туризмот, менаџирањето со компаниите, пазарот на труд,  можностите за придобивки и профит, изгледите за подобра конкурентност на меѓународниот пазар, што пак е императив за финансиската стабилност на нашата земја во целина. Имено, со пристигнатите трудови и авторските истражувања се оствари целта на конференцијата - а тоа е оценувањето на тековната состојба и идните изгледи за развој на микро план што се однесува на домашниот пазар, како и движењата на глобалната економија, подготвувајќи ја бизнис заедницата за предизвиците со кои ќе се соочуваат при остварувањето на нивните цели, што де факто влијае врз одржувањето на финансиите особено во времето кое го живееме под притисокот на пандемијата.
    Препораките кои се пренесоа се однесуваат како да се зајакнува капацитетот на компаниите како и промените во регулативите кои го диктираат нашиот пат кон ЕУ. Дискусиите во текот на конференцијата беа одговор на тоа како реагираа и се позиционираа менаџерите на финансиски средства во услови на голем пазарен ризик, пазарни шокови и турбуленции и како треба да се подготвуваат инвеститорите во
    поедини сектори. Трудовите прикажаа изгледи и кон идната интеграција на земјите од Западен Балкан, со осврт на досегашните постигнувања и идните предизвици пред овие економии како и размена на искуства на сите учесници кои сме денес присутни од повеќе земји.
    Токму овие препораки треба да бидат двигател на процесите на реформата во насока на подигање на квалитетот на образованието заради поголема продуктивност на трудот, конкурентност на економијата и намалување на неусогласеноста на понудата на вештини и компетенции како и побарувачката на пазарот на труд. Постигнувањето на овие цели е заедничка задача на сите оние што се во позиција
    да го дадат својот придонес за имплементација на реформите во општеството. Токму тие реформи, тие промени во начинот на пристап, методологија на работа и организација, не треба да ги правиме само за да станеме дел од економскиот блок, туку да бидат во насока да постигнеме нешто друго, многу позначајно, односно сите напори што ги правиме да бидат за остварување на повисок степен на благосостојбата на нашите граѓани, за создавање на достоинствени услови за живот и работа.
    Во регионот, меѓутоа и пошироко, во Европа, искуствата се најразлични. Наидуваме на успешни, и на не толку успешни модели. Токму ваквите научните конференции, дебатите што се развиваат тука, се најдобриот начин за размена на искуства, за идентификација на предизвиците и перспективите, за  поредување на моделите и третирањето на нивните недостатоци или предности, меѓутоа и презентирање на можните нови комбинирани модели. Едукацијата на новите генерации кои ќе бидат подготвени да се соочат со предизвиците што ги носи глобализацијата, е заеднички предизвик на Универзитетите, на бизнис заедницата, но и на централната и локалната власт.

    PREFACE
    The Faculty of Tourism and Business Logistics in Gevgelia, part of the University Goce Delchev from Shtip, hosted the Third International Scientific Conference, "Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century". The conference was held on 13th of November 2020 on the platform Microsoft Teams, with more than 90 participants from the country and abroad. This year the International scientific committee included eminent professors from our country and more than 15 from foreign countries, such as Israel, Spain, France, Moldova, Italy, Greece, Egypt, Poland, Turkey, Romania, Bulgaria, Serbia, Croatia, Bosnia and Herzegovina and Slovenia. The aim of this conference is promoting a greater understanding of the business administration, logistics, tourism and hospitality in terms of management, economics, education and entrepreneurship. In that context, the focus of our participants was on the latest trends and challenges related to tourism development, company management, labour market, opportunities for gain and profit, opportunities for better competitiveness in the international market, which is imperative for the financial stability of our country entirely. Furthermore, the conference papers and authors’ researches fulfilled the aim of the conference, the assessment of the current situation and future prospects for the development of the micro plan in terms of the domestic market, as well as the global economy changes, prepared the business  community for the challenges that will they face during their goal achievement, which de facto affects the maintenance of finances especially in the time we live under the pandemic pressure.
    The detection of the conditions that have been presented is a real mirror of where we are, where we have been, and what is even more difficult, to answer the question what next? Achieving these goals is a common task of all those who are in a position to contribute to the implementation of reforms in society. Exactly those reforms, those changes in the way of approach, methodology of work and organization, we should not make only to become part of
    the economic block, but to be in the direction of achieving something else, something much more significant - efforts for achieving a higher degree of well-being of our citizens, for creating dignified living and working conditions. In the region, but also beyond, in Europe, the experiences are diverse. We come across successful and not so successful models. Exactly such scientific conferences, debates that develop here, are the best way to exchange experiences, to identify challenges and perspectives, to compare models and how to treat their disadvantages or advantages, but also to present possible new combined models. The education of the new generations that will be ready to face the challenges posed by globalization is a common challenge of the Universities, the business community, but also of the central and local government.

    Оrganizational committee:
    Prof. Tatjana Boshkov, Ph.D., Goce Delcev University of Stip, Faculty of Tourism and Business logistics, Stip, North Macedonia
    Assist. Prof. Natasa Miteva, Ph.D., Goce Delcev University of Stip, Faculty of Tourism and Business logistics, Stip, North Macedonia
    Assist. Prof. Dusko Joseski, Ph.D., Goce Delcev University of Stip, Faculty of Tourism and Business logistics, Stip, North Macedonia
    Cvetanka Ristova Maglovska, M.Sc., University Teaching Assistant, Goce Delcev University of Stip, Faculty of Tourism and Business logistics, Stip, North Macedonia