ПРОЦЕСНИ ИНОВАЦИИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО

  • Николчо Петров
  • Тања Ангелкова Петкова

Abstract

Во овој труд ќе се обидеме да опишеме дел од
технолошки управуваните иновации во
угостителството, во ресторанството, односно
овде накратко ќе стане збор за процесните
иновации во ресторанството. Знаеме дека
иновации и инвестирање во нови подобрени
модели на производство и услуги во
угостителството кај нас има сосема малку, и
малку се истражува во оваа област. Некои
навидум ситни работи, незначајни или непознати
за голем дел од угостителските претпријатија и
менаџментот, можат да донесат големи
позитивни промени во работата на
претпријатието, што може да резултира со
поголем квалитет на производите и услугите, и
задоволство кај муштериите. Во првиот дел од
овој труд ќе ги дефинираме иновациите во
угостителството. Знаеме дека кафето како
производ е причина за појава на цела гранка во
ресторанството, за појавата на кафетериите каде
луѓето уживаат во благодетите на овој призвод.
Како такви, тие постојано се усовршуваат низ
историјата, воведуваат нови производи и услуги,
како би останале конкуренти и би имале поголем
профит. Прво ќе се запознаеме со основните
работи во кафетериите, а тоа се: што е еспресо
кафе, како се приготвува, потоа ќе направиме
споредба на кафематите за негово производство.
Целта на овој труд е, од практична гледна точка,
да покажеме како една навидум незначајна
инвестиција во кафемат со два бојлери влијае
позитивно во целокупното работење на кафетеријата, во подобрениот квалитет на кафето, во брзината на
услугата, во задоволството на муштериите и, во финансискиот
резултат на претпријатието.

Published
Jan 30, 2017
How to Cite
ПЕТРОВ, Николчо; АНГЕЛКОВА ПЕТКОВА, Тања. ПРОЦЕСНИ ИНОВАЦИИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО. Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics, [S.l.], v. 2, n. 1, p. 138-143, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/1764>. Date accessed: 24 nov. 2017.