ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНАЛИЗА НА ДЕЛ ОД ПУБЛИКУВАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ВО ПЕРИОДОТ 1954 – 1979 ГОДИНА И НИВНАТА УЛОГА ВО ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

  • Никола В Димитров
  • Методи Чилиманов

Abstract

Големата понуда во сферата на туризмот ја носи и сериозната потреба од тоа различните туристички дестинации соодветно да се промовираат. Пишаните туристички водичи се еден важен елемент во таа промоција. Поради својата специфика, тие даваат директна можност на својот медиум да се истакнат освен дескриптивни описи, и конкретни илустрации, фотографии, шеми и нацрти на објектите од важност, што дополнително создаваат соодветна визуелна слика и доживување. Доколку се направени плански, тие, освен добро помагало за туристите, претставуваат и еден важен промотивен материјал. Денес сме сведоци на голема експанзија на туризмот, каде што и информацијата е лесно достапна, а медиумите кои ја предаваат се дигитализирани. Сепак, потребата и постоењето на пишаните туристички водичи е голема, а нивното осмислено формулирање денес е доведено до перфекција. Постојат неколку важни и истакнати компании кои специјализираат пишување на туристички водичи, како што се Брадт (Bradt Travel guides) или Лонли Планет (Lonely Planet), каде што освен нивните дигитални верзии имаат и пишани верзии. Водичите кои ќе ги анализираме се работени од туристички работници и организации, во периодот од ’50-тите до ’70-тите Клучни зборови: туристички водич, Охрид, Скопје, Дојран, Македонија. 161 години на минатиот век. Во нив ги препознаваме едни од првите обиди да се класифицира полезна и потребна информација, за да може потенцијалниот турист да ги препознае местата од интерес и да има едно убаво искуство при посетата.

Published
Jan 30, 2017
How to Cite
ДИМИТРОВ, Никола В; ЧИЛИМАНОВ, Методи. ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНАЛИЗА НА ДЕЛ ОД ПУБЛИКУВАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ВО ПЕРИОДОТ 1954 – 1979 ГОДИНА И НИВНАТА УЛОГА ВО ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics, [S.l.], v. 2, n. 1, p. 160-180, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/1767>. Date accessed: 24 nov. 2017.