ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

  • Нако Ташков
  • Ивана Ананијева
  • Симона Атанасова

Abstract

Руралниот туризам е, за жал, вид на туризам на кој во Република Македонија не му е посветено доволно внимание. Иако не се доволно истражени, сепак, Македонија поседува многу големи потенцијали за развој на овој вид туризам. Затоа, во овој труд решивме да ги претставиме потенцијалните можности за развој на туризамот во општина Зрновци, под која припаѓаат 3 рурални средини, и тоа: село Зрновци, село Видовиште и село Мородвис.

Published
2016-05-28