Децата на турската заедница и турското народно творештво во Република Македонија
Abstract
Народните приказни, песни, поговорки и други видови народно творештво, претставуваат вистинска книжевна ризница на секој народ. Колку што е постара таа ризница толку повеќе го привлекува вниманието на читателите од сите возрасти. Тоа претставува посебен извор за создавање современи книжевни дела, а пред сè преработени приказни. Народното творештво на турската заедница во Република Македонија, до сега не е доволно истражено, а ова посебно се однесува на децата од истата заедница. Според наши сознанија, до денес не е објавена ниедна книга на народни приказни на турски јазик, забележани во Република Македонија.References
Аго Ариф, Литературата на турската народност во Социјалистичка Република Македонија од 1944-1984 год., докторска теза, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – фонд на Филолошки факултет, Скопје, 1989.
Друговац Миодраг, Македонски писатели за деца, Македонска книга, Скопје, 1975.
Eleştiriler ve denemeler, NİD Mikena, Manastır, 2008.
Зекерија Неџати, Градина, Антологија на поезијата за деца од писателите на турската народност во Југославија, Детска радост, Скопје, 1985.
Пиличкова Севим, Прилог кон проучувањето на народните пословици кај Турците од СР Македонија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1987.
Hayber Abdülkadir, Makedonya ve Kosova Türklerinin edebiyatı, Milli Eğitim Bakanlığı yayınları, İstanbul, 2001.