ИЗМИСЛУВАЊЕ ИЛИ РЕАЛНОСТ НА ДЕТСКИОТ СВЕТ

  • Jovanka Denkova

Abstract

Измислувањето е типично за децата и нивниот свет. Всушност,
измислувањето, имагинацијата е суштина на детскиот свет. Децата имаат
насушна потреба да измислуваат, да се оддалечат од овој свет, во кој многу
желби не можат да им бидат исполнети, па затоа создаваат свој свет во кој преку
играта не само што нивните желби се исполнуваат, туку играта, во детската
литература, има карактер на потребното, забавното и одморот, но и смисла
на воспитното, навиките, работата уредноста и исполнувањето на обврските.
Смислата на играта не е во бесмисленото губење на време. Смислата на играта е
во дејствувачката акција, чии резултати секогаш ќе се гледаат и ќе се пофалат.
Во овој труд се прави осврт кон делото-роман „Измислување на светот или
Ликијада“ од Јадранка Владова, во кое авторот кој е и еден од ликовите во
делото, се разбира скриен во еден од ликовите, и на едноставен и непретенциозен
начин се зборува за другарувањето меѓу внуците и тетката, преку игра и навидум
детски, а всушност длабоко сериозни разговори се зборува за големи човечки
вистини.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
DENKOVA, Jovanka. ИЗМИСЛУВАЊЕ ИЛИ РЕАЛНОСТ НА ДЕТСКИОТ СВЕТ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 161-167, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2520>. Date accessed: 10 dec. 2019.