ИЗБОРОТ НА ЛИЧНИТЕ ИМИЊА ВО РОМАНОТ ,,ПИРЕЈ‘‘ ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

  • Kristina Mijalkova

Abstract

Овој труд има цел да ја анализира и да ја претстави функцијата на
личните имиња во романот ,,Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Секој писател
има карактеристичен и препознатлив начин на изразување, меѓутоа и некоја
причина поради која ги именува ликовите во делата. Она што ме инспирираше
да се зафатам со оваа тема е токму мотивацијата и побудата на писателот при
давањето на имињата. Антропономастиката како дел од пошироката област
ономастика ги проучува антропонимите, односно се занимава со сопствените
имиња. За свесниот избор и функцијата на антропонимиконот во конкретното
дело и за поврзаноста на карактерните црти на ликот и значењето на името ќе се
види од направената анализа.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
MIJALKOVA, Kristina. ИЗБОРОТ НА ЛИЧНИТЕ ИМИЊА ВО РОМАНОТ ,,ПИРЕЈ‘‘ ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 7, n. 8, p. 79-86, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2541>. Date accessed: 26 june 2019.