ЛИЧНИТЕ ИМИЊА ВО РОМАНОТ „И БОЛ И БЕС“ ОД СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

  • Aleksandra Mileva

Abstract

Во овој труд Личните имиња во романот „И бол и бес“ од Славко Јаневски,
како што кажува насловот, ќе се задржам на личните имиња кои Јаневски ги
употребил во овој роман. Преку опишувањето на секој од избраните ликови, и
преку неколку анализи, кои го покажуваат значењето на имињата (лексичко-
семантичка анализа) и потеклото на имињата (генеалошка анализа), ќе се
обидам да покажам дали Јаневски, барем, кога станува збор за главните ликови
во романот, именувањата ги направил сосема свесно со цел името да послужи
како знак, предвесник за ликовите, или, пак, именувањата ги направил сосема
случајно, па нема никаква поврзаност помеѓу значењето на името и карактерот
на ликот. Во овој труд се задржав само врз неколку ликови, односно врз оние
за кои авторот ни дал повеќе информации, од кои можеме да направиме една
поисцрпна анализа.

Published
2018-12-22