ПОТЕКЛОТО НА ПРЕДЛОЗИТЕ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Nadica Negrievska

Abstract

Предлозите се едни од најупотребуваните јазични единици во јазиците што
ги поседуваат. Овие јазични единици имаат многу значајна функција во економијата на
говорот: да ги поврзуваат различните елементи во реченицата и да воспоставуваат однос меѓу
различни елементи во реченицата. Предлозите се поврзани со категоријата падеж, а во јазиците
каде што деклинацијата е загубена, каков што е случајот со италијанскиот и македонскиот
јазик, предлозите ги преземаат функциите на падежите или на падежните флексии и тие ги
изразуваат односите меѓу зависните и главните членови во синтагмата и во реченицата. Во
нашиот труд ќе направиме еден историски преглед на предлозите во италијанскиот јазик со цел
да ја увидиме поврзаноста на овие јазични единици со падежите во латинскиот јазик затоа што
прилошките определби кои ги означуваат италијанските предлози, во класичниот латински
јазик се изразувале исклучиво со помош на падежите.

Published
Jan 27, 2020
How to Cite
NEGRIEVSKA, Nadica. ПОТЕКЛОТО НА ПРЕДЛОЗИТЕ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 10, n. 14, p. 9-16, jan. 2020. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/3372>. Date accessed: 14 july 2020.