ПРЕДЛОШКИ КОНСТРУКЦИИ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ СТАТИЧНА ПОЛОЖБА ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК И НИВНИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Nadica Negrievska
  • Vesna Koceva

Abstract

Хипотезата дека просторните значења во јазикот се основни значења
од кои се развиваат останатите значења, е позната под името локалистичка хипотеза
и според оваа хипотеза просторните значења се „темел на сите семантики“ (Bortone,
2010: 48). Како што забележува Бортоне, денес најголем дел од практичните граматики
на одделни јазици се темелат на локалистичката хипотеза, па дури и во учебниците е
истакнато дека основна улога на предлозите е да означуваат просторни значења. Токму
оваа општоприфатена хипотеза за примарноста на просторните значења на предлозите
беше мотив за изработка на овој труд. Предмет на нашето истражување се предлошките
конструкции во италијанскиот јазик кои изразуваат статично просторно значење и
нивните еквиваленти во македонскиот јазик.

Published
2022-01-29

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>