КАРАКТЕРИСТИКИ И ФУНКЦИИ НА ГОВОРОТ НА МЛАДИТЕ ВО ИТАЛИЈА
Abstract
Во овој труд се претставени типичните одлики на јазичниот вариетет
кој се дефинира како „говор на младите“. Во воведот накратко се посветува внимание на
разликите меѓу говорот на младите и другите јазични вариетети. Потоа се презентираат
дефиниции за жаргонот и се прави терминолошко прецизирање помеѓу термините
функционален стил, сленг, жаргон и арго. Во продолжение се претставуваат посебните
карактеристики на жаргоните, се дефинира говорот на младите и се определуваат
разликите меѓу говор на младите и жаргон. Понатаму во трудот се дава краток осврт на
почетоците на интерес на лингвистите за говорот на младите и прецизно се утврдуваат
функциите на говорот на младите.