ТЕОРИЈАТА НА ОБРАБОТКА НА ИНПУТ НА ВАН ПАТЕН
Abstract
Во овој труд дискутираме за теоријата на обработка на инпут на Ван Патен и
детално го опишуваме првиот процес, т.н. обработка на инпут, од низата процеси кои го чинат
усвојувањето на некој странски јазик. Во овој прв процес ученикот има задача да ги открие
врските кои се создаваат помеѓу граматичките форми и нивното значење во инпутот на кој е
изложен. Теоријата на Ван Патен се однесува на фазата којашто започнува со изложување на
ученикот на инпут и која трае до трансформирањето на инпутот во интејк. Во овој труд детално
ги утврдуваме принципите на овој модел, односно ги претставуваме заклучоците кои ги
формулира Ван Патен со цел да даде одговор на прашањата поврзани со обработката на
инпутот.