Методот тандем - алтернативен начин на учење на странските јазици

Authors

  • Vesna Koceva

Abstract

Примената на Интернетот во глото дидактиката ги промени традиционалните методи на учење на странските јазици. Денес странските јазици не се совладуваат само со користење на книги, видео или аудио материјали, со писмени вежби и дијалози кои треба да се повторуваат и да се меморираат. Денес, благодарение на Интернетот, се отвори нов свет на безброј можности за учење кои се имплементираат во дидактичка методологија. По првата фаза кога интернет мрежата се сметаше за голема збирка на податоци од целиот свет кои можат да се консултираат,вниманието се насочува кон можностите поврзани со искористувањето на тие податоци на полето на совладување на странските јазици. Интернетот е богат извор на дидактички софтвер и едукативни средства како сајтови специјализирани за учење на странски јазици, речници, дидактички игри,форуми, чат, туторство, видеа, вежби за слушање, статии од онлајн весници, збирки на текстови, аудио снимки од телевизиски вести, социјални мрежи, размена на и-меил итн., кои студентот може да ги користи за да го научи странскиот јазик. Во овој труд се разгледуваат карактеристиките на методот тандем кој ги искористува предностите од Интернетот и му овозможува на ученикот да креира самостоен начин на совладување на странскиот јазик.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>