ДИСТИНКЦИЈА И ПОВРЗАНОСТ ПОМЕЃУ ЕКСПЛИЦИТНОТО И ИМПЛИЦИТНОТО ЗНАЕЊЕ НА СТРАНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Во овој труд се зборува за разликите и интерференцијата помеѓу имплицитното и
експлицитното знаење на странскиот јазик. Трудот цели кон прикажување на размислувањата
на лингвистите во врска со дистинкцијата и поврзаноста на овие поими. На почетокот се дава
осврт на употребата и на дефинирањето на овие поими, а потоа се анализираат различните
размислувања на лингвистите во однос на прашањето: „Дали постои интерференција меѓу
експлицитното и имплицитното знаење на странскиот јазик?“. Понатаму во трудот се дава
краток приказ на теоретските гледишта за односот на имплицитното и експлицитното знаење на
странскиот јазик.