МЕЃУКУЛТУРНИ РАЗЛИКИ ВО ВЕРБАЛНАТА И НЕВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА
Abstract
Културата е фактор што влијае врз употребата и интерпретирањето на
јазикот и на сигналите од невербалната комуникација, т.е. има значително влијание, како врз
вербалната, така и врз невербалната комуникација. Во овој труд се наведуваат дел од
меѓукултурните разлики во комуникацијата, со цел да се развие меѓукултурно разбирање, да се
овозоможи комуникација со луѓе кои доаѓаат од различни култури, да се избегне создавањето
на стереотипи и да се олесни комуникацијата во меѓукултурна средина.