СТРАТЕГИИ ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА ШПАНСКИ ЈАЗИК (Ј3) КАЈ СТУДЕНТИ СО АНГЛИСКИ ЈАЗИК (Ј2)
Abstract
Процесот на усвојување на неколку јазици, т.е. многујазичното
усвојување или процесот на изучување на трети јазици претставува многу комплексен
процес кој ги вклучува стиловите и стратегиите за учење, како и влијанието на
мајчиниот јазик и на првиот странски јазик при изучувањето на втор странски јазик.
Во овој труд се прави анализа на стратегиите коишто студентите со англиски како прв
странски јазик, ги користат при усвојувањето на шпански како втор странски јазик.
За потребите на истражувањето беше спроведена анкета како метод за утврдување на
стратегиите кои ги користат студентите од Филолошкиот факултет при Универзитетот
„Гоце Делчев“– Штип, Република С. Македонија.