ПРЕГЛЕД НА НАЈЧЕСТИТЕ ЛАЖНИ ПАРОВИ МЕЃУ ИТАЛИЈАНСКИОТ И ШПАНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Лажните парови се лексички единици во два различни јазици кои
имаат иста или слична форма, а различно значење. Тие се најчести причинители за
грешки при изучувањето на даден странски јазик, а грешките најчесто се должат на
погрешната аналогија меѓу мајчиниот и странскиот јазик кој се изучува.
Овој труд има за цел да ги проучи лажните парови при изучувањето на италијанскиот
и шпанскиот јазик како странски јазици. Станува збор за два многу слични јазика, кои
припаѓаат на романската група јазици, но сепак постојат и значајни разлики меѓу нив,
како во поглед на граматичката структура, така и во поглед на лексиката.