Лексиката во фудбалот во италијанскиот јазик

  • Nadica Markoska

Abstract

Фудбалот е најпопуларниот и најпрактикуван спорт во Италија, делод италијанската култура и италијанското секојдневие. Тој претставуваеден општествен, економски и лингвистички феномен: има своја посебналексика која ја употребуваат оние кои се занимаваат со овој спорт,милиони фанови ширум Италија, но исто така не е непозната и за ониекои не пројавуваат посебен интерес за фудбалот, затоа што тие живеат вотакво опкружување каде што постојано се зборува на тема фудбал.Во фудбалската терминологија се користат термини од разни науки,а исто така голем дел од фудбалските термини навлегле и во употреба насекојдневниот јазик.Модерниот јазик е мешавина од странски изрази, дијалекти, кратенки,зборови од разговорниот јазик употребени во сосема поинакво значење,неологизми, видоизменети зборови и сл. Искуствата покажуваат дека дасе познава и да се научи еден странски јазик не значи само да се совладаатграматичките правила и лексичкото богатство регистрирано во речниците,туку значи да се научи да се користат на соодветен начин различнитерегистри на тој јазик, да се развијат комуникативните способности восоциолингвистичка и прагмалингвистичка смисла.Предмет на проучување на овој труд се лексичките единици воиталијанската фудбалска терминологија, со посебен осврт на заемките оданглискиот јазик.

 

Published
Jun 29, 2015
How to Cite
MARKOSKA, Nadica. Лексиката во фудбалот во италијанскиот јазик. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 139-148, june 2015. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/624>. Date accessed: 02 june 2020.