Животното Дело на Шукру Рамо (1918-1988)

  • Mahmut Celik "Goce Delcev" University - Stip

Abstract

Резиме:

Во оваа студија  даваме осврт за животното дело на писателот и  критичко-есеистичка анализа врз расказите за деца на Шукри Рамо. Посебно е значајна токму поетската компонента во неговите раскази за деца, во кои мошне тешко се распознаваат границите на поетското и стандардно прозното.

Треба да се нагласи дека Шукри Рамо е писател на првата повоена генерација Турски писатели во Република Македонија, кој во повеќето свои раскази уметничкиот израз свесно го жртвува за сметка на идејноста по секоја цена, водејќи се од крутата мисла дека особено литературата за деца, треба да воспитува во духот на братството и единството, што беше доминантна идејна ориентација, посебно во периодот од првата деценија на Титова Југославија. Настаните во неговите дела се компонирани во рамките на одделни вистини. Најчесто тоа се застарени и надживеани односи, обичаи и навики, над кои авторот се сожалува, но постојат и некои обичаи кон кои Рамо се однесува со посебна почит и респект.

Published
Jun 29, 2015
How to Cite
CELIK, Mahmut. Животното Дело на Шукру Рамо (1918-1988). Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 103-108, june 2015. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/627>. Date accessed: 02 june 2020.