Интердисциплинарна споредба: американската бит култура социјално активирана од постмодернизмот

  • Marija Emilija Kukubajska University of Goce Delcev, Stip
  • Frosina Jovanova Stojanova University of Goce Delcev, Stip

Abstract

60-тите години на минатиот век во САД се забележани како почетокна лево ориентиран социо-политички и културен активизам кој понатамусубверзивно се шири и во ново книжевно движење. Со своите идеолошкислогани и противречни улични школи на мислата, движењето на битгенерацијата наводно имало за цел да воведе повисока свест за новисоцијални промени во западната култура. Застапниците на бит движењетона почетокот не се наметнуваат како официјални (mainstream) влијанија,но сепак постапно го инфилтрираат својот секуларен ревизионистичкиоднос во најширок дијапазон на социјални сфери, универзитетски кампуси,медиуми и новодопски книжевни концепти за реалноста и вистината, низпризмата на гневниот, постмодерен анархизам. Критиката била поделенаво однос на бит-хипи филозофијата за промени. Дел од опозицијатаостро ги бранела безбедните и здрави основи на дотогаш невиденотоамериканско планетарно водство во просперитет (она што, всушност,постанало омразено од социјалниот активизам на битниците). Одредениакадемски заедници ги прогласувале припадниците на оваа генерацијаза антиинтелектуалци, морално и сексуално девијантни, со аспирациииндуцирани од психотропски супстанци, кои вообичаено биле оправдуваниод хипиците и поради нивната некогашна, предисториска, употреба. Овојкритички сегмент посматра еден друг аспект од хипи идентитетот спремакој тие се 1) антитези на ментално и емоционално стабилни и одговорнилидери за промени кои 2) одбегнуваат самоодговорност за култивирањена сопствен интегритет и идентитет во образованието, културата иопштествено-економскиот систем на демократска Америка, со штоси наметнуваат на себе 3) самодеструктивен животен стил и книжевнасодржина, проследена со неодреденото чувство дека се дотепани (Beat) одмоќта на неправедното општество кое одбива да ги следи марксистичките идеи, Мао, Хо Ши Мин, Че Гевара и други комунистички утописти, во еденсвет атеистички збунет во распаѓање на моралните вредности и доблести,свет за чие влошување придонеле и битниците.

Published
Jun 29, 2015
How to Cite
KUKUBAJSKA, Marija Emilija; JOVANOVA STOJANOVA, Frosina. Интердисциплинарна споредба: американската бит култура социјално активирана од постмодернизмот. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 161-172, june 2015. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/706>. Date accessed: 03 june 2020.