Употребата на концептуалната метафора како промотор на вести во насловите на македонските и американските весници

  • Monika Cenova Faculty of Philology, Goce Delcev University, Stip

Abstract

Фигуративниот јазик е сè позастапен во весниците и јазикот на новинарите. Најавите на вести на насловните страни, насловите на статиите во весниците и магазините се преполни со метафорични изрази кои им го привлекуваат вниманието на  слушателите и читателите и ги тераат да читаат меѓу редови за да ја разберат информацијата која треба да се пренесе. Во овој труд се обработува концептуалната метафора, нејзината употреба во насловите на македонските и англиските весници за промовирање на вести, со што ќе се нагласи дека играта со зборовите преку која се создаваат метафори го збогатуваат јазикот и изразувањето на новинарите во весниците на двете култури. Концептуална метафора уште се нарекува и „метафора од аспект на когнитивната лингвистика“(Lakoff & Johnson, 1980). Според оваа идеја метафората не се разгледува само од аспект на класичната теорија според која метафората е творба на јазична употреба, туку и од аспект на современата теорија според која метафората се поврзува со значењето и разбирањето на концептите т.е. со помош на истата концептите се објаснуваат и стануваат разбирливи за зборувачите на еден јазик.

Клучни зборови: концептуална метафора, метафората во насловите на весниците, промотор на вести, македонски весници, американски весници, употреба, значење.
Published
Jun 29, 2015
How to Cite
CENOVA, Monika. Употребата на концептуалната метафора како промотор на вести во насловите на македонските и американските весници. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 131-138, june 2015. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/709>. Date accessed: 03 june 2020.