Јазичните вештини на учениците во периодот на подготовка за читање

  • Lidija Jovanovska
  • Zoran Pavlov
  • Slavica Koleva

Abstract

Читањето претставува комплексна активност која во себе ги вклучува перцепцијата и мислењето како два меѓусебно поврзани процеси. Перцепирајќи, ученикот го препознава зборот, ги забележува симболите, ја бара смислата на пишаните знаци. Прашање е како и колку детето - читач е во состојба да го разбере пишаниот говор, да ги открие мислите во текстот, за него како „мал ребус“, ако текстот се толкува не само како помошен „технички систем“, туку и како „говор во отсуство на соговорник“ или без „психолошки допир“ на соговорникот. За да научи да чита, потребно е ученикот да го научи системот на пишани симболи - букви кои се користат да го претстави говорот. Истражувањата покажале дека постои тесна врска меѓу говорниот речник - препознавањето на голем број на зборови и јазичните вештини на детето. Способноста да се препознаат поединечните гласови во зборот е вештина која е тесно поврзана со јазичните вештини на детето во периодот на подготовка за читање.

References

Адамчевска С., (1997). Почетно читање и пишување-методски прирачник. Скопје: Просветно дело, 9-33

Делчев, Ѓ., (1991). Методски прирачник за наставата по македонски јазик во прво одделение. Скопје: Дидакта, 4-18

Китанов,Б., (2001). Методика на наставата по македонски јазик со практикум: (од I до IV одделение). Штип: Педагошки факултет, 39-49

Мурџева-Шкариќ, О., (2004). Развојна психологија - Скопје: Филозофски факултет, 180-189

National Reading Panel (2006). Teaching children to read: An evidencebased assessment of the scientifi c research literature on reading and its implications for reading instructions. Washington: U.S. Department of Health and Human Services: National Institute for Helth and Human Services

Николоска, М., (2002). Развојна психологија: (детство). Скопје: Мирослава Николоска, 138-142

Suzuč, N. (2005). Pedagogija za XXI vijek, Banja Luka:TT-Centar, 201-205

Синадиновска, O., (1991). Практикум за методика на наставата по македонски јазик во одделенска настава на основните училишта. Скопје: Просветно дело, 5-31

Published
2013-04-18