Математичка анксиозност

  • Sonja Lutovac

Abstract

Математичката анксиозност се дефинира како чувство на напнатост, загриженост или страв, кое ја попречува успешноста, ефикасноста во учењето математика. Истражувачите не се единствени за тоа кои се факторите поради кои се јавува, но сметаат дека несоодветниот стил на поучување може да биде фактор за појава на математичката анксиозност. Последиците од математичката анксиозност можат да бидат како на лично, така и на академско поле - постои силна тенденција за избегнување на математиката и математичките активности која ги намалува индивидуалните математички вештини на поединецот и истовремено го попречува во донесувањето на одлуки за сопствениот избор на кариера. Од оваа гледна точка е потребно наставниците да ги разберат причините за појава на математичката анксиозност и да им дадат соодветна помош на учениците истата да ја надминат. Во трудот е даден преглед на литература и истражувања на овој проблем во однос на причините, ефектите, инструменти за мерење и интервентните програми. Цитирани се некои научни истражувања во врска со решавање на математичката анксиозност врз основа на половите и возрасните разлики. Бидејќи математичката анксиозност е честа појава меѓу одделенските наставниците, трудот го допира и овој аспект. Во практиката, проблемот на математичка анксиозност кај одделнските наставници може сериозно да влијае на нивниот стил на поучување на математиката.
Published
Apr 17, 2013
How to Cite
LUTOVAC, Sonja. Математичка анксиозност. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.69-81, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/231>. Date accessed: 27 feb. 2020.