За убавото и убавината
Abstract
Во нашиот труд кој го насловивме „За убавото и убавината“ ја анализиравме категоријата убаво на начин кој не става во функција на подобро разбирање на проблемите на естетското воспитание. Тргнавме од констатацијата дека определбата на поимот убаво е различна и од временски и од просторен аспект. Исто така, авторите кои се занимаваат со проблемот на убавото имаат различни сфаќања за неговата суштина, неговата улога во развојот на човекот и во развојот на естетиката и естетското воспитание. Оттука во нашиот труд ние направивме обид да ги диференцираме различните ставови кон категоријата убаво, да ги прокоментираме, да ги споредиме и да заземеме наш став.Downloads
Published
																			2013-04-18
																	
				Issue
Section
								Articles
							
						