Професионалната етика на наставникот

  • Dijana Hristovska
  • Snezana Jovanova Mitkovska

Abstract

Модерните трендови во образованието бараат промени во наставничката подготовка, наставничките способности и вештини, наставничките компетенции, наставничкото однесување. Многу важно поле на промени во наставниот профил се: промовирање на нови резултати од професионалното усовршување, промени во верувањата и вредностите, вклучување и донесување на нови стратегии, вештини на подучување, прифаќање на нови знаења, промени во организацијата и структурата на училницата, вклучување во интерперсонална комуникација. Наставникот во квалитетното училиште не е само презентер на знаења и информации, тој е дијагностичар и стимулатор на личните, социјалните, когнитивните и емоционалните способности, вештини и вредности на учениците, што овозможува континуиран напредок на учењето. Отворената соработка, интерактивното влијание, професионализмот, емоционалната интелигенција се интегрираат како моќна комбинација во личноста на наставникот како педагошки водач. Токму оттаму и го поставуваме прашањето дали овие професионални етички парадигми се доволни за јакнење на професионалната етика на наставникот, што сè треба да се направи во насока на подобрување на работата во училницата, кои се предлозите и сугестиите на наставниците и родителите за подобрување на работата на наставникот. Целта на овој труд е да се истакнат општоприфатливите способности и компетенции кои всушност претставуваат серија од професионални, етички, човечки квалитети што се интегрираат во професијата наставник. Во овој труд ќе се обидеме да одговориме на овие и други прашања околу суштинските карактеристики на наставникот како модел на етичко однесување во наставниот процес и ќе ги презентираме резултатите од истражувањето за наставничката оспособеност и компетенции.
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
HRISTOVSKA, Dijana; MITKOVSKA, Snezana Jovanova. Професионалната етика на наставникот. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.33-47, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/235>. Date accessed: 27 feb. 2020.