Рамки за концептуализација на потребите на децата и нивна примена за планирање и обезбедување услуги за деца

  • Julija Goseva

Abstract

Во трудот се дава приказ на потребите и потенцијалите на децата и се анализира вклу чувањето на установите и службите во обезбедувањето на услугите за децата во зависност од различните нивоа на потреби на децата. Тргнувајќи од активната улога и место на детето во примањето на ус лу- гите, во трудот прифатен е моделот на „цело дете“. Мо делот „цело дете“ се сфаќа како мапа по која ќе се одвива планирањето на услугите за помош и поддршка во разво јот на децата. Потребите на децата се лоци раат на четири нивоа согласно моделот на Hardiker и сора бот ни ците. Во трудот се предлага мултисекторско парт нерство во работа со деца за задоволување на потре бите на децата кое придонесува за проши рување на опсегот и видот на услугите, ле сен и брз пристап до нив, подобрени услуги, рана идентификација на проблемите, пре венција од потреба за специјалистички интервенции, односно подобрување на живо тот на децата.
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
GOSEVA, Julija. Рамки за концептуализација на потребите на децата и нивна примена за планирање и обезбедување услуги за деца. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.175-192, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/238>. Date accessed: 27 feb. 2020.