Перфекционизмот ориентиран кон очекувањата на другите како маладаптивна ориентација кај студентите во тест ситуација

  • Lence Miloseva

Abstract

Ова истражување е дел од пошироко истражување, спроведено во текот на академската 2010/2011 година. Целта беше да се испита поврзаноста помеѓу димензиите на перфекционизмот, посебно „перфекционизмот ориентиран кон очекувањата на другите“, постигнувањата на тестот на студентите, и нивото на позитивна и негативна емоционална состојба, по неговото спроведување. Примерокот го сочинуваа 97 студенти во прва година на Факултетот за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, на просечна возраст од 19,4 години, кои пополнија Скала на мултидимензионален перфекционизам (Multidimensional Perfectionism Scale, MPS; Hewitt & Flett, 2004), една седмица пред задавање на тестот. Нивото на позитивна и негативна емоционална состојба беше измерено веднаш по пополнувањето на тестот, со Скалата на позитивна и негативна емоционална состојба (PANAS; Watson et al.,1988). Тестот кој беше пополнет од страна на секој студент беше регуларен колоквиумски тест, кој придонесува со 20% во вкупната завршна оценка по предметот развојна психологија. Како што очекувавме, наодите покажуваат дека „перфекционизмот ориентиран кон очекувањата од другите е значајно поврзан со пониски постигнувања на тестот, повисоко ниво на негативна емоционална состојба и пониско ниво на позитивна емоционална состојба. Наодите од истражувањето се дискутирани со цел да се укаже на потребата од откривање на димензиите на перфекционизмот, како црти на личноста кај студентите, во контекст на тест ситуацијата и постигнувањата на тестот.
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
MILOSEVA, Lence. Перфекционизмот ориентиран кон очекувањата на другите како маладаптивна ориентација кај студентите во тест ситуација. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.59-69, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/239>. Date accessed: 27 feb. 2020.