ПОТТИКНУВАЊЕ НА МИСЛОВНИТЕ АКТИВНОСТИ И КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА НИВНОТО АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО НАСТАВАТА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ
Abstract
Како можеме да ги подготвиме училиштата да бидат поблиску до учениците? Како може еден наставен час да стане работилница во која новите идеи и креативни решенија, новите форми на истражување и новите знаења да бидат инкорпорирани?! Истражувањето што е направено во овој труд има за цел да се испита воведувањето на практичната настава и спроведување на реформите во наставата по природни науки во неколку училишта во Штип, Р. Македонија. Податоците беа собрани од полуструктурирани интервјуа со 11 наставници по биологија. Резултатите покажаа дека наставниците воведуваат мал број на наставни стратегии кои експлицитно се поклопуваат со наставната програмата во нивните одделенија, како што се: презентирање, анализирање и генерализирање, експериментални резултати од практичната настава по природни науки во различни форми. Наставници помалку ги користат стратегиите кои имаат за цел поттикнување на повисоко ниво на размислување, како да се поттикнат учениците да поставуваат прашања или да дознаат повеќе за решавање на проблемите преку стратегии кои се користат во наставата.
Клучни зборови: модерно училиште, реформи, настава по природни науки, наставни стратегии, повисоко ниво на размислување.