ЛОГИЧКО-МИСЛОВНИ ОПЕРАЦИИ НЕОПХОДНИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПОЧЕТНИТЕ МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ

  • Snezana Jovanova-Mitkovska

Abstract

Процесот на стекнување на знаења, формирање на нови поими се јавува како резултат на процесот на сознавање во наставата. Сознавањето во наставата подразбира активност со која субјектот ја сознава вистината, совладување на веќе откриената вистина, процес низ кој поединецот станува свесен за внатрешната и надворешна стварност низ која стекнува знаења за таа стварност. Тој процес се остварува низ перцепција, памтење, учење, фантазија, судење и мислење. И процесот на наставата по математика е сознаен процес, учениците се запознаваат со поими, факти и генерализации, целокупниот процес поминува од активности со конкретен и дидактички материјал, до апстрактни математички поими, а главната цел е развивање на мислењето на учениците и изградба на правилни математички поими. Посебно значајни за формирање на математичките поими, посебно за формирање на поимот за број се неколку логичко-математички операции. Во трудот се елаборирани неколку логичкомисловни операции значајни за формирање на почетни математички поими т.е. конзервацијата, класификацијата, серијацијата, двостраната серијација, коресподенцијата, транзитивноста, вкрстената серијација.

Клучни зборови: математика, предучилишна возраст, сознавање, учење, стратегии.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-05-28