МОДЕЛОТ НА ПОЗИТИВНА ДИСЦИПЛИНА - ФРИДРИХ ЏОНС ВО СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ
Abstract
Училиштето претставува специфичен организациски систем и пред
сé има за цел и задача да продуцира такви активности кои ќе доведат до високи
достигнувања и резултати на учениците. Покрај пренесувањето на знаење на младата
генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција.
Целосниот училишен систем го сочинува и дисциплината на учениците, односно
почитувањето на правила кои владеат во едно училиште.
Моделите на училишна дисциплина, односно моделот на позитивна дисциплина
на Фридрих Џонс претставува движечки мотив во нашето истражување. Овој модел
авторот го засновал на истражувањата за тоа како се однесуваат наставниците кога
учениците се однесуваат лошо.
Авторот смета дека кога кај ученикот ќе постои самоконтрола и одговорност,
тогаш тој ќе се однесува на начин соодветен за часот. За да може успешно да се
одвива целиот процес на настава потребно е наставникот со примена на вештини да го
ограничи однесувањето на учениците. Џонс, управувањето со одделението го разбира
како процес во која мора да се поврзани дисциплината, наставата и мотивацијата
на ученикот. Според него, дисциплината е „процес на применување на стандарди и
градење на соработка, со што многу малку ќе се создаваат проблеми во наставата, а
повеќе ќе се учи“.За успешно одвивање на наставниот процес потребно е ангажирање
на сите сетила кај учениците, со што наставата ќе им биде интересна, учениците ќе
уживаат, а со тоа и самиот наставник ќе биде задоволен.
Downloads
References
[2] Gašič-Pavišič, S. (1988), Kaznavanje I dete, Beograd: Prosveta;
[3] Gašič-Pavišič, S. (2005), Модели разредне дисциплине, Београд: Институт
за педагошка истраживања;
[4] Gordon, Т., (1998), Teacher Efectiveness Training, New York: Three Rivers
Press, Crown Publishing group;
[5] Jones F. (2004) Positive Classroom Discipline, Second Edition in Category:
Books;
[6] Jones, F. (2000): Tips from Fred Jone’s Tools for Teaching, http://www.
education-world.com
[7] Nelsen, J. (2001), Pozitivna disciplina, Čačak: Inter Grandex Trade;
[8] Trnavac, N. (1996), Fragmenti o disciplini učenika, Beograd: Institut za
pedagogija i andragogija Filozofskog fakulteta Univerziteta u Beogradu;