УЛОГАТА НА КУЛТУРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ПРОУЧУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА НА РОДНИОТ КРАЈ
Keywords:
роднокрајна историја, библиотека, музеј, архив, образовниеAbstract
Роднокрајната историја е повеќе од неопходно да влезе со поголеми содржини во наставните програми затоа што е важна за подобрување на квалитетот на знаења и придонесува за формирање на научен поглед на свет кај учениците. Роднокрајната историја е важен фактор во моралното, патриотското, естетското, еколошкото воспитување на ученикот, придонесува за општото образование, ги развива когнитивните интересирања на ученикот, ги воведува во креативна активност и формира практични и интелектуални вештини. Во изучувањето на роднокрајната историја голема улога имаат културните институции со своите ресурси. Во трудот се истакнува потребата од проширувањето на основните дејности на постоење на овие институции и нивно вклучување во реализирањето на образовните цели на учениците.