ИГРАТА КАКО ПОТТИК ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ДЕТЕ
Keywords:
игра, предучилишно дете, развој, историски димензии на игратаAbstract
Современите тенденции во предучилишното воспитание и образование се во функција на осовременување на организациската и содржинска поставеност на воспитно-образовната работата на детската градинка. Всушност тие ги следат движењата во современото општество во насока на доживотно образование и перманентно учење, што е и една од препораките на Унеско. Во тој процес особено е важна играта и улогата на воспитувачот. Улогата на воспитувачот подразбира знаење, вештини и искуство за водач на степен кој соодветствува со возраста на децата во групата во која играта се применува. За ова е потребен креативен и релаксиран воспитувач, кој не смее да биде „маска за незнаење“, туку да биде „одраз“ на солидно подготвено стручно лице и познавач на детската личност и индивидуите кои се членови на одделна воспитна група. Во таа смисла, својата улога воспитувачот најдобро ја остварува преку играта. Имено, играта има целнонасочен карактер бидејќи се темели на високо емоционална, сознајна и социјална основа и создава услови за интензивен развој на детето. Во трудот ќе се направи обид да се потенцираат вредностите на играта како поттик за развој на децата од предучилишна возраст, од аспект на задоволување на потребата за творење, дружење како и развивање на кооперативност и компетитивност.