ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ТРАДИЦИЈАТА И СЕГАШНОСТА
Keywords:
образование, учење, учител, традиција.Abstract
Актуелно, комплексно и значајно по својата природа и суштина, односот меѓу традиционалното и сегашноста се среќава и во сферата на образованието во бројни сегменти, како во делот на содржини за поучување и учење, од аспект на односот меѓу учителот и ученикот, способностите и ликот на учителот, форми и начини на наставна работа. Од тие причини се определивме за прашањето на односот меѓу традицијата и сегашноста и местото каде се среќаваат. Во трудот правиме обид да внесеме една нова светлина на односот меѓу традицијата и сегашноста, да се расветлат некои аспекти на и така комплексното прашање, но не како непроучувани туку како прашања кои одамна се одговорени, прашања на кои одговорил Климент. Од тука, односот меѓу традицијата и сегашноста се проучува од перспектива на сегашноста, со упатства на нашиот учител Климент кои ги остави како слика на конгруентен учител.