МЕЃУ НАДАРЕНО И ТАЛЕНТИРАНО ПРЕДУЧИЛИШНО ДЕТЕ - ПРОБЛЕМИ И ДИЛЕМИ

Authors

  • Снежана Мирасчиева

Keywords:

надарено дете, талентирано дете, детска градинка, воспитувач.

Abstract

Во трудот ќе се обидеме да иницираме дел од проблемите и дилемите во предучилишните институции, по прашањето за надарените и талентираните деца. Сложеноста на проблемот во себе опфаќа прашања кои се однесуваат на препознавање, откривање и идентификација на надареноста и талентот, особините на надарените и талентирани деца, факторите за развој на надареноста и талентот како што се: родителите, семејството, образовните установи, воспитувачите, програмите, стратегиите на работа, образовниот систем, државата. Прашањето за надарени и талентирани деца во системот на предучилишно воспитание и образование предизвикува бројни дилеми од различни аспекти. Теоретските размислувања и сознанија и практични искуства се солидна основа за иновирање на предучилишната практика од перспектива на надарените и талентирани деца. Трудот не може да даде одговор на сите прашања и да понуди решенија на сите проблеми, но покренува прашање на кое одговорот треба да биде синергичен обид на сите релевантни фактори и симбиотичен пристап во неговата практична димензија.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-06-07

Most read articles by the same author(s)