ЕКО ДИЗАЈН НА МЕБЕЛ
Abstract
Терминолошки, еко-дизајнот се поврзува со циркуларна економија, зелените економии и одржливиот развој. Во ерата на масовно производство, дизајнот ја истакнува својата функција во системите на планираното, рационалност и дизајнираност и тој станува најмоќната алатка денес.
Масовното производство со своето традиционално делување доведе до енормно зголемување на отпадот и загадување на животната средина.
„Еко дизајн“ или повеќе познат како зелен дизајн, одржлив дизајн или еколошки дизајн е интеграција на аспектите на животна средина во дизајнот на производот со цел подобрување на неговите перформанси на животната средина во текот на целиот негов животен циклус.