Односот на ласерските третмани и приносот кај јачменот

  • Ljupco Mihajlov
  • Goce Vasilevski
  • Dane Bosev

Abstract

Овие истражувања се вршени со цел да се утврдат ефектите од
ласерската стимулација врз приносот кај јачменот . Со ласерска светлина
третирано е семе од пролетен ја~мен сорта ,,Македо,,.
Опитите беа поставени на површините на ,,14-ти Септември,, Д.О.О.-
Св.Николе, според методот на случаен блок систем, во пет повторувања .
Кај третираните варијанти, постигнато е просечно зголемување на
биолошкиот принос до 8.9%, приносот на зрно до 13,3%, и жетвениот
индекс до 7%, во споредба со контролата.
Published
2013-04-23