Примена на Crank-Nicolson методот за решавање на топлински равенки
Abstract
Во овој труд разгледуваме еднодимензионален (1-Д) проблем на трансфер на топлина низ прачка. Иницијално прачката е загреана по должина, а на краевите температурата се одржува на нула во тек на време. Проблемот се опишува со парцијална диференцијална равенка која ја решаваме нумерички со Crank-Nicolson методот.
Од решението може да се види како во тек на време прачката се лади при што температурата по цела должина на прачката асимптотски се приближува кон нула. Во овој труд, ние го истражувавме влијанието на дискретизацијата (sampling) на точноста на решението со Crank-Nicolson методот.