УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО СОВРЕМЕНОТО РАБОТЕЊЕ

  • Dejana Uskova
  • Trajko Miceski

Abstract

Улогата и значењето на менаџментот на човечки ресурси во современото работење се огледува во правилното организирање на активностите, преку ангажирање на вистински личности на соодветните места и овозможување на усовршување и унапредување на кадрите, т.е. вработените, како и правилно мотивирање и наградување на вработените, а со тоа и постигнување подобри резултати во работењето во организацијата. Еволуција значи менување и развој на луѓето. Во современиот свет, одржлива конкурентска предност може да произлезе само од нивните вештини, искуства и креативност. Во модерната економија, релативно лесно е да се обезбеди капитал за основа на добри и јасни идеи, но управувањето со човечките ресурси, за таа идеја да се претвори во бизнис и да постигне одржлива конкурентска предност е, секако, најважниот предизвик за менаџментот во XXI век. Во трудов преку теоретска елаборација и табеларен, пресметковен и графички приказ ќе бидат презентирани најновите сознанија од состојбите на менаџментот на човечките ресурси.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-10-07
How to Cite
Uskova, D., & Miceski, T. (2019). УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО СОВРЕМЕНОТО РАБОТЕЊЕ. Yearbook - Faculty of Economics, 17(1), 27-46. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3267

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 7 > >>