СДИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ КАКО АКЦЕЛЕРАТОРИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ

  • Risto Fotov
  • Katerina Fotova
Keywords: FDI, affiliates, developed countries, sectors, gross domestic product, industries, multinational corporations, globalization, transfer, determinants, capital, current account, effects, economic growth, transnational corporations, development.

Abstract

Странските директни инвестиции (СДИ) имаат значајно влијание
врз економскиот успех на многу земји во развој и земји во транзиција,
кои во последниве 15-тина години остварија динамичен економски раст
и зголемување на вработеноста. Од тие причини, странските директни
инвестиции се во фокусот на интересирање како кај економските
теоретичари и истражувачи, така и кај практичарите, посебно во земјите
во развој и земјите во транзиција.
Основна цел на земјите во транзиција е постигнување на стабилен,
долгорочен економски развој кој ќе се заснова на зголемување на
инвестициите, подобрување на технолошката база на овие земји и
зголемување на конкурентноста на нивните производи на меѓународен
пазар. Во реализирање на ваквите цели странските директни инвестиции
може да имаат значајна улога. СДИ можат да придонесат во процесот
на транзиција директно, преку прилив на капитал, и индиректно преку трансфер на технологија, менаџерски, производствен и организациски
know-how, преку создавање на нови продажни канали за домашното
претпријатие и преку зајакнување на конкуренцијата и процесот на
реструктурирање на домашната економија.
Всушност, целта на овој труд е да се потенцира значењето на СДИ
за економскиот развој врз националните економии и, посебно, нивното
значење за економскиот развој на Република Македонија.
Се смета дека СДИ претставуваат импулс во економскиот развој.
Имено, тие овозможуваат воведување на нова техника и технологија,
нови знаења, отворање на нови работни места, нови пазари, зголемување
на конкурентноста и продуктивноста.
Македонија е мала земја која за својот економски развој мора
да употребува дополнителна акумулација од странство. Економскиот
развој во изминатите петнаесетина години го карактеризираа недоволно
инвестирање во производството и мало учество на инвестиции во бруто
домашниот производ во споредба со други транзициски земји. Според
многумина експерти, инвестициите кои доаѓаат од домашни и странски
извори, а првенствено приливот на СДИ ќе овозможи на Македонија да
фати чекор со развиените земји.

Downloads

Download data is not yet available.

References

Проф.д-р Методија Несторовски, „Економија на инвестициите”, второ
издание, Скопје, 2005
Charles Hill, Меѓународен бизнис, глава 6
http://www.bea.gov/newsreleases/national/gdp/gdpnewsrelease.htm
http://www.wto.org/english/res_e/booksp_e/anrep_e/wtr08-2b_e.pdf
http://www.wto.org/english/res_e/booksp_e/anrep_e/wtr04_1a_e.pdf
Antevski Miroslav, Razvojni potencijal stranih direktnih investicija:
komparativna medzunarodna iskustva
Dunning J., Multinational Entreprise and Global Economy, Addison Wesley
Publishing, 1992. p.55-56
Paul R. Krugman, Maurice Obstfeld, International Economics: Theory &
policy, 8th edition, 2009
Кикеркова Ирена, Надворешна трговија, Универзитет „Св. Кирил и
Методиј”, Економски факултет, Скопје, 2008
Dominick Salvatore, International Economics, ninth edition, 2009
Проф. д-р Ристо Фотов, Меѓународна економија, Универзитет „Гоце
Делчев”, Економски факултет, Штип, 2008
UNCTAD, World Investment Report 2012- Towards a new generation of
investment policies
Aghion et al. “When Does Domestic Saving Matter for Economic Growth?”,
NBER Working Paper 12275, National Bureau of Economic Research,
Cambridge, MA, 2006, p. 24
Published
2020-12-09
How to Cite
Fotov, R., & Fotova, K. (2020). СДИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ КАКО АКЦЕЛЕРАТОРИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ. Yearbook - Faculty of Economics, 5(1), 101-111. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3818

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>