ПРОМЕНА НА СТРУКТУРАТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОТРЕБА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Keywords:
енергија, потрошувачи, стратегија, производство, инвестиции.Abstract
Од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, а посебно во последниве неколку години, најважното прашање за развојот на енергетскиот сектор во Македонија е недостатокот на инвестициски модел. Тоа е и една од причините за малиот број на нови енергетски капацитети во земјата. Поголемиот дел од постоечката енергетска инфракструктура во Македонија е изграден за време на втората половина од минатиот век. Моментална инвестициска стагнација, особено по одвојувањето од Југославија, е слабиот енергетски сектор кој е премногу зависен на увозот на енергенси и со тоа е неконкурентен во регионалниот пазар на енергија. Странските инвеститори доаѓаат и си одат од земјата. Соочувајќи се со различни правни и административни бариери мал број од нив се одлучува да инвестира, а со тоа бројни важни стратегиски енергетски проекти за Македонија остануваат нереализирани, чекајќи „подобри денови“. Дополнително, и трговците на големо и индивидуалните потрошувачи се соочуваат со тешкотии во нивното работење и секојденевниот живот како резултат на слабото снабдување со енергија, нискоквалитетни преносливи и дистрибутивни системи, комбинирани со недостаток на енергија и неефикасно менаџирање на енергетскиот систем. Нови капацитети се имаат отворено во последниве две декади, но тие не се доволни да ја задоволат зголемената побарувачка за енергија или да ја зацврстат енергетската позиција на Македонија во регионот на Југоисточна Европа.