АНАЛИЗА НА ПРИДОНЕСОТ НА ТЕОРИИТЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ
Keywords:
менаџмент, теории, организации, методи, пристапи, придонесAbstract
Потребата од менаџмент станува сѐ поголема со појавата на индустриската револуција. Таа овозможува создавање на големи погони и процеси. Затоа, потребно e да се познаваат целиот процес и технологијата на некои производи. Поедноставувањето на работата и функционирањето доведуваат до нови предизвици: обука на работниците; координација на материјалот, машини и луѓе; дистрибуција на добра и услуги, што резултира со потребната систематизација и структурирање на знаења и начините на унапредување во функционирањето на различните форми на бизнис организации. Денес различни пристапи ни даваат одговори на прашањето: „Како да се унапредат перформансите на организациите?“ кои денес ги нарекуваме „училишта“ за менаџмент. И во овој труд ќе ги наведиме следниве: класична школа за менаџмент, бихевиористичка школа за менаџмент, квантитативна школа - менаџмент на знаење (наука), современа школа за менаџмент и нови пристапи.