ПРИМЕНА НА ЕМОЦИОНАЛНОТО ЛИДЕРСТВО ВО РАКОВОДЕЊЕТО СО ФОКУС НА СИТУАЦИИ НА ПРОМЕНИ И КРИЗИ
Keywords:
емоционална интелигенција, модели, емоционално лидерство.Abstract
Емоционалното лидерство се однесува на теоретските и практичните знаења, способности и вештини кои емоционалните лидери може да ги искористат при новонастанати – вонредни ситуации на промени и кризи. Во современите денешни пазарни услови постоењето на лидери кои ќе бидат главна поддршка и потпора на вработените во поглед на нивната мотивација на работното место станува приоритет на секоја организација. Улогата на овие лидери е особено нагласена кога доаѓа до реструктурирање на работните и технолошки процеси како резултат на изменетите економски и политички услови во земјата. Со обуката и тренингот на овие лидери се создава поволна клима за долгорочен развој и успешно стопанисување и разбирање на вработените. Само високомотивирани и задоволни вработени генерираат висок процент на квалитет во нивната работа. Поради претходно наведените причини во овој труд вниманието особено ќе биде насочено кон приложување и објаснување на важноста на концептот на емоционалното лидерство како појдовна точка во структурата на една современа организација.